95 милионското засилување на Манчестер Јунајтед заминува од „Олд Трафорд“

95 милионското заслување на Манчестер Јунајтед, Ентони кој го засили тимот во 2022 година по само две и пол години заминува од „Олд Трафорд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Бетис каде ќе се задржи најмалку до крајот на сезоната.

Дваесетичетиригодишниот Бразилец потфрли во настапите, дополнително беше дел и од скандал па го загуби своето место во тимот уште во ерата на Ерик тен Хаг. На него не смета ниту новиот тренер Рубен Аморим па се е подготвено за заминување.

Ентони веќе ги договори личните услови со Реал Бетис, а останува уште англискиот и шпанскиот клуб да ги договорат условите за позајмица до крајот на сезоната.

Се вчитува...