Челси ќе се обиде да го врати назад во своите редови братот на Еден Азар, од екипата на Борусија Менхенгладбах. Германскиот медиум „Билд“ шпекулира дека Антонио Конте има намера да го ангажира Торган Азар сметајќи дека сега е подготвен да игра за „сините“.
Торган Азар стана член на Челси во 2012 година, пристигна како надежен младинец, а клубот од Лондон во неколку наврати го испрати на калење во Цулте Варегем и во Менхенгладбах, додека тимот од Борусија комплетно го откупи пред две сезони. За германскиот бундеслигаш одигра вкупно 130 натпревари на кои постигна 29 погодоци и забележа 30 асистенции.
Доколку Торган се врати на „Стемфорд бриџ“, дури тројца од семејството Азар ќе ги бранат боите на Челси, бидејќи најмалиот брат Килијан моментално настапува за младинскиот состав на „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА