Лесно е како тренер авторитетот да го наметнуваш со викање и строга дисциплина, но токму тука се гледа големината на Раул Гонзалес, кој на дијаметрално спротивен начин успева да го извлече најдоброто од своите ракометари.
Рецептот од Вардар е „копиран“ и во македонската репрезентација, впрочем нешто што толку добро успева нема никаква потреба да се менува. Шпанецот тивко, но максимално успешно ги пренесува своите замисли, а ракометарите имаат максимална доверба во неговите квалитети. Напредокот во играта е очигледен од неговиот прв дуел со Исланд, а под водство на „ел команданте“ македонските ракометни „воини“ играат се подобро од меч во меч и во пресрет на овој европски шампионат.
Тивкиот генијалец ги „шминка“ и последните детали од тактиката за ЕП во Хрватска, а неговата „чета“ е подготвена да ги спроведе идеите во дела, за заеднички победи во Загреб.
[new_royalslider id=”891″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА