Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, одлучи да го прифати предизвикот да замине во Кина. Иако претходно ја одби понудата на Тианјин куанжиан, сепак, не можеше да не ја прифати понудата на еден од најдобрите кинески клубови Гвангжу Евергранде.
„Милионерите“ ќе добијат 72 милиони евра за реализација на овој трансфер, а Обамејанг по завршување на сезоната ќе се пресели во Кина и ќе потпише договор со Гвангжу Евергранде. Медиумите во Кина веќе го прогласија овој трансфер за затворен, со оглед дека и германскиот бундеслигаш и интернационалецот од Габон се согласиле да ја прифатат понудата на Гвангжу Евергранде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА