Денешниот специјал од релито Дакар донесе и огромен инцидент во кој настрада поранешниот шампион на оваа трка, Нани Рома.
Тој стигна на речиси 500 метри до целта кога ја загуби контролата над возилото, неколку пати се сврте во песокот, притоа здобивајќи се со сериозни повреди. Како што јавуваат организаторите, тој имал повреди на главата и на мозокот, поради што со авион бил пренесен во Лима, каде ќе биде прегледан во специјализирана клиника во перуанскиот главен град.
Нани Рома е првиот Шпанец што успеал да триумфира на релито Дакар (2004 година на мотори, 2014 со автомобили). Тој до моментот на несреќата се наоѓаше на четвртото место во генералниот пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА