Викторија Азаренка ќе пропушти уште еден гранслем турнир откако утрово беше обелоденето дека белоруската тенисерка нема да може да настапи на претстојното издание на Австралија Опен.
Причината не е повреда, туку правната битка со нејзиниот сопруг околу старателството над синот Лео. Од оваа причина Азаренка не настапи ниту на УС Опен минатата година, а бидејќи за време на парницата не смее да патува надвор од Белорусија, таа е принудена да се откаже од настап во Мелбурн, градот каде веќќе има две круни.
„Понудивме вајлд-карта и истата беше прифатена од страна на Викторија. Сепак, разбираме дека семејството е најважно, ја прифаќаме нејзината одлука и веќе и понудивме помош на секој начин на кој е тоа можно“ – изјави Крег Тили, директор на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА