Македонските ракометари по вчерашниот слободен ден и прославата на Божиќ, денеска продолжија со тренинзи, во последна фаза од подготовките за ЕП 2018 во Хрватска.
Атмосферата е на највиоко ниво по победата во Белград над Србија, но и очигледно е дека ракометарите не летаат во облаци, туку остануваат цврсто на земја, свесни дека главните предизвици допрва претстојат. Со мислите веќе се кон Хрватска и премиерниот дуел со Словенија, кој со победа може да значи и отпочнување на нова ракометна „бајка“ на „црвено-жолтите“.
„Проблемите на противниците не се наша работа, она што ние мораме да го направиме е да играме 100% на секој меч“ – порачуваат сите ракометари, свесни дека само со максимално залагање може да се стигне до успех на ова ЕП.
[new_royalslider id=”890″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА