Најновиот „кикс“ во Виго го запали алармот во Реал Мадрид. Загрижен станува и тренерот Зинедин Зидан, кој досега по слабите резултати оптимистички најавуваше дека ништо не е загубено, но овојпат по првпат призна дека се соочува со сериозен проблем.
„Лути сме, бесни на самите себе, бидејќи знаеме дека можеме и мораме подобро. Јас сум тренер и јас сум виновен, морам да го најдам проблемот. Она што прво ми паѓа на памет е дека не можеме да играме 90 минути во исто темпо, тоа ни се случува неколку пати сезонава и противникот редовно ги казнува нашите грешки. Проблемот е во нашата самодоверба, како да се нема верба во квалитетите што овој тим ги поседува“ – изјави Зидан.
„Кралевите“ веќе заостануваат огромни 16 бода зад Барселона, откако забележаа само една победа во последните четири кола, па и на Зидан му е јасно дека доколку наскоро не влезе во победничка серија ќе треба да стравува за својата функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА