Приказната на денот од фудбалските терени ширум Европа денеска ја носи малиот англиски четвртолигаш Њупорт кој го елиминираше Лидс на Езгијан Алиоски од ФА Купот на Англија.
Лидс, во чии редови не настапи Алиоски затоа што менаџерот се одлучи да одмори добар дел од првотимците, доби шок-лекција од малиот Њупорт. Имаше Лидс водство од 0-1 на полувремето, но за да стигне до триумф не му помогна ниту полицаецот кој застана да диригира меѓу навивачите на Лидс…
Њупорт во второто полувреме стигна до пресврт победа од 2-1 што претставува вистинска сензација за Англија. Малиот четвртолигаш од Велс ги освои симпатиите на Островот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА