Рома неочекувано загуби со 1-2 од Аталанта пред своите навивачи во 20. коло од Серија А.
Продолжува резултатската криза на „волчицата“ која и трет едноподруго натпревар не знае за триумф во италијанскиот шампионат. Рома дозволи два брзи погодоци на Аталанта преку Корнелиус во 14. минута и Де Рун во 19. минута за водство од 0-2, па потоа беше тешко да стигне до пресврт.
Домашните единствено што успеаја е да го ублажат поразот на конечни 1-2, со голот на Един Џеко во 56. минута од натпреварот, и покрај тоа што и цело второ полувреме имаа и играч повеќе по исклучувањето на Де Рун во 45. минута.
По 20 натпревари Рома е на 5. место на табелата со 39 бода, додека Аталанта со 30 бода сега се проби на делба на шестата позиција со Сампдорија која има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА