По неочекуваниот пораз во претходното коло, Атлетико Мадрид брзо се врати на победите во шпанската Примера.
Во 18. коло, „јорганџиите“ пред своите навивачи славеа со лесни 2-0 против Гетафе, иако последните минути ги играа и без Диего Коста кој веднаш откако во 68. минута го постигна голот за 2-0, поради прослава на истиот на трибина доби втор жолт картон и исклучување.
Претходно, Атлетико поведе со голот на Кореа уште од 18. минута од средбата.
По овој триумф, Атлетико Мадрид со 39 бода се зацврсти на втората позиција на табелата, со шест бода помалку од водечката Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА