Со синоќешната партија против Жалгирис во новата победа на Црвена Звезда, Перо Антиќ уште еднаш ги воодушеви навивачите на „црвено-белите“ но и сите љубители на кошарката од Европа.
Извонредно издание, вистински лидер на белграѓани, господар под обрачите… Мечот го заврши со само пет поени, пет скока и три украдени топки, но беспрекорно клучен придонес во одличното дефанзивно издание на шампионот на АБА-лигата. Сето тоа за „збеснување“ на навивачите на Црвена Звезда кои не штедат зборови пофалба за македонскиот кошаркар…
„Перо Антиќ – тато на евролига децата. Одбрана не се игра со желба и сила, но се потребни услови за таа вештина – антиципација, IQ… Многу се ефикасни, а Антиќ е ефективен“ – е еден од коментарите за играта на македонскиот кошаркар, меѓу останатите…
„Перо Антиќ е класичен пример на играч каде статистиката не може ништо да покаже. Со него на паркетот сме апсолутно сосема друга екипа. Човекот константно прави разлика на теренот“.
Па, се до: „Гение… Национална класа… Богот на кошарката… Кошаркарско чудо… Најкорисниот играч убедливо. Каква одбрана. Секоја чест!“… и прикриеното прашање на крајот:
„Каков господин под обрачите… Дали Перо Антиќ може во одело да игра кошарка?“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА