Победата на Фенербахче над Басконија остана во сенка на тешкиот пад на Џејмс Нанали, поради што Американецот мораше на носилки да го напушти теренот, со стравување дури и за сериозни повреди на главата. За среќа, ситуацијата не е толку сериозна, па Жељко Обрадовиќ обелодени дека овој кошаркар нема предолго да паузира од терените.
„Во прв момент делуваше страшно, но последните информации се позитивни. Нанли нема повреда на главата, не е ништо сериозно, но ќе мине уште неколку часа во болница за дополнителни испитувања бидејќи не сакаме да ризикуваме“ – истакна Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА