Македонската ракометна репрезентација, на најдобар можен начин, со победа на генералката против Србија од 29-32 ќе го очекува стартот на Европско првенство во Хрватска.
Избраниците на Раул Гонзалез во доминантна игра, посебно во второто полувреме, сосема заслужено стигнаа до триумфот на гостувањето против Србите и тоа и без еден од најдобрите македонски ракометари Дејан Манасков.
Манасков, по вчерашната мала повреда на дуелот против Саудиска Арабија на кој одигра само едно полувреме (истегнување на бутниот мускул), доби одмор денеска од селекторот кој не сакаше непотребно да ризикува пред заминувањето за Хрватска. Сепак, Дејан Манасков комплетно подготвен ќе го дочека стартот на шампионатот и првиот натпревар на ЕП против Словенија на 13. јануари во Загреб.
На листата на повредени е и Немања Прибак, кој има повреден скочен зглоб, па поради тоа исто така не настапи на тестот со Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА