Репрезентацијата на Германија славеше убедлива победа против Исланд со 36-29, во првиот од двата контролни натпревари пред настапот на ЕП во Хрватска. Германија е еден од противниците на Македонија во групата во прелиминарната фаза на шампионатот, заедно со селекциите на Словенија и на Црна Гора.
Избраниците на селекторот Кристија Прокоп, одиграа ефикасен натпревар во кој во поголем дел беа во убедлива предност. На крајот од првиот дел Германија имаше водство од 19-12, а оваа позитива потоа ја задржаа и во второто полувреме.
Најефикасен во германскиот состав беше Уве Генсхајмер со седум гола, исто толку во репрезентацијата на Исланд постигна Олафур Гудмундсон.
Вториот контролен натпревар Гераманија и Исланд ќе го одиграат на 7 јануари.
На ЕП во Хрватска, Македонија и Германија се сретнуваат во третиот натпревар во групата на 17 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА