Лионел Меси во ноември потпиша нов договор со Барселона кој ги израдува навивачите на каталонскиот клуб. Но, истиот содржи и неколку навистина интересни клаузули.
Секој клуб кој сака потпис на Меси ќе мора да издвои дури 700 милиони евра. Тоа е цифра која практично е невозможно да се издвои, но постои опција според која „волшебникот“ би можел да ја напушти Барселона дури и како слободен фудбалер.
А клаузулата е од политичка природа. Меси сакајќи да се осигура во случај Каталонија да стане и независна држава во договорот побарал јасно да стои дека може да си оди од клубот како слободен фудбалер, потполно бесплатно, доколку независноста на Каталонија има влијание на клубот, и евентуалните забрани кои би ги добил.
Лионел Меси досега сезонава има одиграно 25 натпревари, а постигна 19 гола, дополнети и со осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА