Менаџерот на Ливерпул, Јигрен Клоп потврди дека нема да смета на Мохамед Салах и Филипе Кутињо за утрешната пресметка против Евертон во рамките од ФА купот. И двајцата недостасуваат поради повреди, а „црвените“ веќе втор натпревар во низа ќе бараат победа без најдобрите поединци, откако ниту Кутињо ниту Салах не беа во комбинација за првенствениот меч против Барнли, во кој Ливерпул издвои победа (2-1) во самата завршница.
Сепак, има и добри вести за фановите на Ливепрул, германскиот стратег истакна дека рекордното засилување Вирџил Ван Дајк може да дебитира за првиот тим откако го реализираше трансферот на „Енфилд“ пред неколку дена.
Што се однесува за екипата на Евертон, Сем Алардајс се надева дека клубот на време ќе го официјализира трансферот на Ченк Тосун и ќе може да го користи за градското дерби, турскиот напаѓач кој пристигнува од Бешикташ за сума од 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА