Ешли Кол го продолжи договорот со ЛА Галакси

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Челси и на Рома, Ешли Кол, останува во ЛА Галакси уште една сезона. Кол (37) со клубот од Лос Анџелес имаше договор до крајот на сезоната, но сега го продолжи за уште една година и ќе остане да игра во МЛС лигата најмалку до крајот на наредната сезона.

Поранешниот англиски репрезентативец и претходно изјавуваше дека би сакал да остане во Галакси и дека се уште може да игра и да му помогне на својот тим и на крајот доби нов договор.

Ешли Кол во Лос Анџелес стигна во јануари 2016 година од Рома каде имаше лоша полусезона. Во текот на минатата сезона одигра 29 натпревари во МЛС лигата.

Се вчитува...