МЗТ Скопје ќе биде засилен за првиот натпревар од 2018 година откако Марко Симоновски ги надмина проблемите со повредата на мускулот и ќе биде во комбинација за утрешниот дуел со Игокеа. „Металците“ се наоѓаат во кошмарна серија од десет порази во АБА-лигата, а Игокеа е единствениот тим што досега го добија на гостински терен, успех што сега ќе се обидат да го повторат и пред своите гледачи.
„Повредата веќе е минато, во последните два дена тренирам со полна пареа и нема дилеми дека ќе помогнам на дуелот со Игокеа. Имаме проблем со плејмејкерската позиција каде го имаме само Мавра, но во секој случај сме максимално мотивирани да дадеме се од себе и конечно да ги израдуваме верните навивачи. Ова е натпревар што може да ни даде дополнителен стимул за продолжението од сезоната и ќе сториме се за да стигнеме до толку посакуваната победа“ – изјави Симоновски.
За разлика од Симоновски, вториот репрезентативец Дарко Соколов се уште се мачи со повреда и нема да може да му помогне на тимот на утрешниот меч, закажан за 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА