Атлетико Мадрид на убедлив начин ја совлада Леида на гости со 0-4 и го најави пласманот во четвртфиналето на Купот на Шпанија, а во дресот на овој тим се врати Диего Коста, кој по епизодата во Челси, а потоа и шест месеци чекање за да биде регистриран, на најдобар можен начин го направи својот камбек во шпанскиот клуб.
Тој влезе во игра во 64.минута на местото на Кореа, и само пет минути подоцна успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим. Во првиот дел погодија Диего Годин и Фернандо Торес, а во завршницата и Антоан Гризман се запиша меѓу стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА