Селекторот Раул Гонзалес нема да може да смета на услугите на Немања Прибак за претстојните контролни средби против Саудиска Арабија и Србија што македонската репрезентација ќе ги игра во Белград во следните два дена. Средниот бек на Бешикташ заработи незгодна повреда на скочниот зглоб откако случајно стапна на ногата на Стојанче Стоилов, по што денеска врз него беа извршени детални прегледи.
„Лекарите утврдија дисторзија од втор степен на скочниот зглоб. Ми беше препорачано целосно мирување во следните 72 часа, така што за жал нема да можам да помогнам на претстојните контролни натпревари“ – изјави Прибак за ЕКИПА.
Оваа повреда сепак нема да го исфрли искусниот ракометар од комбинација за настап на претстојното Европско Првенство, на кое Македонија првиот меч ќе го игра на 13 јануари со Словенија.
„Како што стојат работите во моментов, 90% сум сигурен дека ќе можам да настап на ЕП. Тоа е моја голема желба, да помогнам да оствариме што подобар резултат и ќе сторам се за што поскоро да ја санирам повредата“ – порачува Немања Прибак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА