Перо Антиќ не ја исклучува можноста повторно да заигра во дресот на македонската репрезентација. Но, прв предуслов за тоа е смена на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација. Најдобриот македонски кошаркар го потвдри тоа во интервјуто за српскиот „СпортКлуб“.
„Ќе почекаме да видиме што ќе биде со раковдството. Додека е истото раководство јас не замислувам за тоа. Иако се работи за играње за мојата држава, тоа раководство само чека да направи некои проблеми , само ги лечат своите комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација, така што засега тоа се статус кво“ – истакнува Перо Антиќ.
Антиќ беше прогласен и за најдобар кошаркар на Македонија за 2017 година, но тој е јасен и по тоа прашање.
„Фала им , ете им ја оставив наградата, нека ја чуваат“ .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА