Црвена звезда останува рамо до рамо со Будуќност на делба на првото место на АБА-лигата откако „црвено-белите“ ја отворија 2018 година со победа на домашен терен над Унион Олимпија од 80-76. Гостите од Словенија изненадија со добра игра и силен отпор, но сепак не можеа да приредат сензација во пресметката со актуелниот шампион.
„Црвено-белите“ во ниту еден момент не создадоа убедлива предност, Олимпија во последната четвртина опасно се закануваше, но избраниците на Алампијевиќ имаа доволно искуство за рутински да го приведат мечот до крај во последните неколку минути.
Перо Антиќ одигра скромен натпревар со само два поени и пет скокови за 18 минути игра, најефикасни кај Црвена звезда беа Рочести со 16 и Фелдеин и Дангубиќ со по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА