Продолжува серијата откажувања на настапи на водечките светски тенисери. По Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, ни Енди Мареј нема да игра на турнирот во Бризбејн на почетокот од новата сезона.
Британецот се повлече од АТП турнирот во Бризбејн поради проблеми со колкот кои го мачат веќе подолго време. Мареј не игра уште од јули, поради што падна на 16.место на АТП листата.
Тој денеска требаше да настапи во Бризбејн против Американецот Рајан Херисон, но соопшти дека неговиот колк не може да издржи поголем напор.
Турнирот во Бризбејн е загревање за темнисерите пред првиот гран-слем турнир во сезоната, Австралија Опен кој почнува на 15 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА