Диего Коста: Се преморив од тренинзи, едвај чекам да играм и да давам голови

Атлетико Мадрид доведе неколку голгетери по заминувањето на Диего Коста во Челси, но ниту еден од нив не беше достојна замена за Бразилецот со шпански пасош. Затоа, во ситуација кога Коста стана достапен за трансфер Диего Симеоне не размислуваше премногу и го договори камбекот на својот миленик, кој вчера ја имаше и својата официјална промоција во Мадрид.

Коста веќе неколку месеци тренираше изолирано бидејќи Атлетико не можеше да го регистрира поради трансфер-забраната, но голгетерот е максимално мотивиран што поскоро да почне да ги тресе противничките мрежи.

„Дефинитивно сум многу подобро подготвен отколку кога дојдов пред неколку месеци. Времето кое мораше да мине во чекање измина, сега сум подготвен за настап. Слободно можам да кажам дека се преморив само од тренирање, едвај чекам да почнам да играм за Атлетико и да постигнувам голови во дресот на овој клуб“ – истакна Коста на својата промоција во Мадрид.

За очекување е Диего Коста да се појави во тимот на Атлетико веќе на првиот меч во 2017 година, на 6 јануари на домашен терен против Хетафе.

Се вчитува...