„Кралска“ 2017: Пет трофеи в раце – Владетели на Шпанија, Европа и на светот!

Реал Мадрид ја завршува 2017 година со пет нови трофеи во својот богат опус. „Кралевите“ уште еднаш покажаа зошто се најуспешниот клуб во историјата на фудбалот, оваа година триумфираа на речиси сите натпреварувања на кои учествуваа, единствено им се „лизна“ пехарот на шпанскиот Куп за да биде комплетирана колекцијата. Сепак, петте трофеи се и повеќе од доволно за да ја докажат нивната доминација во изминатава сезона.

Одбрана на европскиот трон – рекордна 12. титула во Лигата на шампиони

Секоја сезона „кралевите“ се борат на сите можни фронтови, што е разбирливо за еден голем клуб, но сите „мадридисти“ преферираат еден трофеј повеќе од сите други. Пехарот од Лигата на шампиони е најдраг на секоја управа на клубот, секој играч, тренер, навивач на Реал. Минатата сезона, тимот на Зидан имаше една примарна цел, да направат нешто што на ниту еден клуб не му успеало во модерниот фудбал, а тоа е да го одбранат веќе освоениот трон на Европа. И, тоа им успеа!

Патот до врвот воопшто не беше лесен, но Реал преку сите пречки (Наполи, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид) стигна до последната етапа, а во Кардиф ги чекаше италијанскиот шампион Јувентус. Избраниците на Зинедин Зидан не само што за првпат во историјата го одбранија европскиот трофеј, тоа го направија со стил – четири гола во мрежата на Буфон за славната „La Duodecima“.

real-madrid-trophy

Шампиони на Шпанија по пауза од пет години – 33. титула

Зинедин Зидан конечно ја пронајде победничката формула и во шпанското првентство, па по пауза од пет години Реал Мадрид повторно стана првак на Шпанија. Трката со Барселона траеше се до последното коло од шампионатот, а за освојување на 33. рекордна титула им беше потребна победа на гостувањето во Малага. Роналдо и Бензема со своите погодоци се погрижија за Мадрид да биде шампионскиот град во кој ќе се слави титулата.

3f445133025110f83b3b53be54d2db37-38585-1503873244

Реал освојува и на „Филип Втори“ – „Кралевите“ во Скопје дојдоа по европскиот  Суперкуп

Македонија дочека да види два европски великани како чекорат на тревата на арената „Филип Втори“ – Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје се судрија за третото европско одличје, да се потврди единствениот владетел на Европа.

За „кралско“ славје во доцните часови на нашата метропола се погрижија Кашемиро и Иско, Реал Мадрид ја забавуваше публиката со два погодоци во мрежата на Де Хеа, пред Лукаку да ги постави конечните 2-1.

SKOPJE, MACEDONIA - AUGUST 08: Sergio Ramos of Real Madrid lifts The UEFA Super Cup trophy after the UEFA Super Cup final between Real Madrid and Manchester United at the Philip II Arena on August 8, 2017 in Skopje, Macedonia. (Photo by Boris Streubel - UEFA/UEFA via Getty Images)

„Десетка“ и во шпанскиот Суперкуп

Поубав начин да се отвори новата сезона со едно „Ел класико“, се две „Ел класико“ средби. Токму Реал Мадрид и Барселона во пресметката меѓу шпанскиот првак и освојувачот на шпанскиот Куп ги одмерија силите за трофеј, кој пред се претставува престиж, но и тоа како е драг за освојување кога се знае дека противник ви е најголемиот ривал.

Реал Мадрид беше доминантен над вечниот ривал Барса и во двата натпревари. На „Камп Ноу“ славеше со резултат 1-3, а во возвратниот меч „кралевите“ рутински триумфираа со 2-0 и пред очите на каталонскиот гигант го кренаа четвртиот трофеј за оваа година.

581769

Владетели со светот – втора година во низа

Одбраната на трофејот во Светското клупско првенство е „црешата на врвот од тортата“ за Реал Мадрид. За одбележување на успешната 2017 и нејзино испраќање со петти пехар, Реал Мадрид покоруваше се пред себе и на другиот крај од светот. Од Абу Даби се вратија како светски шампиони благодарение на Кристијано Роналдо, кој со единствениот погодок во финалната средба против Гремио (1-0) донесе триумф и на клупскиот мундијал.

Дополнителен успех за Реал Мадрид претставува што се изедначија со Барселона по бројот на трофеи во ова натпреварување. Сега и двата великани имаат по три светски титули.

Real-Madrid-CWC1

Се вчитува...