Донарума се премисли: Среќен сум во Милан

Џанлуиџи Донарума се врати на голот на Милан за денешното гостување против Фиорентина, што за 18-годишниот голман беше јубилеен 100. настап во дресот на „росонерите“. Донарума бранеше одлично и спречи пораз на својот тим, а веднаш по мечот ги израдува навивачите објавувајќи дека не планира да си замине од клубот.

Прекрасно е да се стигне до бројката од 100 настапи во дресот на Милан, уште повеќе бидејќи не претрпевме пораз, туку покажавме карактер и вистинска реакција по примениот гол. Јас сум среќен во овој клуб, имам уште четири години од актуелниот договор и планирам да останам“ – истакна Донарума.

Младиот голман повторно го навлече бесот на навивачите откако неговиот агент Мино Раиола одново влезе во конфликт со клупската управа најавувајќи дека ќе бара раскин на договорот поради „претрпен стрес“, но со ваквиот однос Донарума дефинитивно ги смирува страстите.

Се вчитува...