Само неколку дена по разочарувачкото реми со Барнли (2-2), Манчестер јунајтед направи уште еден „кикс“ на домашен терен, овојпат против екипата на Саутемптон, ремизирајќи 0-0.
Падот во формата на тимот на Жозе Мурињо беше очигледен на оваа средба, на која и покрај неколкуте создадени стопроцентни шанси „ѓаволите“ не успеаја да го матираат гостинскиот голман, па сега дури и ја загубија втората позиција на табелата од шампионот Челси.
Лукаку ја имаше првата шанса на мечот, но биеше со глава од непосредна близина, за белгискиот ас потоа по само десетина минути игри поради сериозна повреда на главата мораше да биде заменет со Рашфорд. Токму Рашфорд, Марсијал и Лингард ги имаа најубавите шанси да го отворат резултатот, но „ѓаволите“ овојпат ја немаа ниту среќата на своја страна, па разочарувачки ја завршија оваа 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА