Проблемите на Зинедин Зидан со повредите на фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат и за 2018 година, откако Карим Бензема се врати од одмор жалејќи се на болка во десната нога. Деталните прегледи покажале проблем со бицепсот и на францускиот голгетер му е препорачано мирување од најмалку 15 дена.
Ова значи дека Бензема ќе го пропушти мечот од Копа дел реј со Нумансија, но и пресметките од Примера дивизион против Селта и Вилјареал.
Добра вест за „кралевите“ е што Герет Бејл е стопроцентно подготвен за настап, па Зидан најверојатно ќе се реши за формација со Бејл и Роналдо како најистурени во нападот, помогнати од Иско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА