Ракометарите се комплетираа и сега машината на Раул Гонзалес има германски „мотор“. Филип Миркуловски го носи неопходното искуство, а младиот Филип Талески силата и брзината во селекцијата на Македонија. Ако тоа се надополни со „снајперот“ на Кире Лазаров и „министерството за одбрана“ на Борко Ристовски, нема да им биде лесно на нашите ривали во групата.
Миркуловски по доаѓањето вели, дека првиот меч е најважен. Така го учат Германците.
Значи, најважна е Словенија.
„Мечот со Словенија е најважен за нас, тоа е прв дуел на Европското првенство. Ова е репрезентација која има и младост и искуство, и мислам дека ќе имаме што да кажеме во Хрватска. Треба добро да се подготвиме во наредниот период, ќе ги анализираме противниците и, како и секогаш, ќе го дадеме максимумот во дресот на Македонија“, вели големиот борец Филип Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА