Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стaриџ, нема многу среќа со повредите. Стaриџ пред два месеци се врати на теренот и успеа да постигне неколку голови иако има скромна минутажа во Ливерпул. Но, повторно се повреди и сега го чека нова пауза иако од почетокот на декември нема одиграно ниедна минута.
Тој прво пропушти неколку натпревари поради болест, а откако оздраве следуваше нов малер, се повреди на еден од тренинзите и се уште е неизвесно кога ќе се врати повторно на терен.
„Не сум сигурен што се случува, но знаеме дека Стaриџ некое време не ќе може да игра. Прво беше болен, а сега се појави некој проблем со повреда на мускулот. Тоа не е тешка повреда, но дојде во незгодно време кога имаме многу натпревари“ – изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Многу е веројатно дека Стариџ во текот на јануарскиот преоден рок ќе си замине од „Енфилд“, во клуб каде би добивал поголема минутажа и би имал шанса да се бори за место во англиската репрезентација за претстојниот мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА