Кутроне го казни Интер, Милан оди во полуфиналето на Купот на Италија

Милан го доби градското дерби против Интер во Купот на Италија со 1-0, и по продолженија се пласира во полуфиналето, каде ќе ги одмери силите со Лацио. Младиот Патрик Кутроне беше стрелец на победничкиот гол за „росонерите“ во 104.минута од мечот, по асистенцијата на Сусо.

Жоао Марио ја имаше најубавата шанса за Интер, но од непосредна близина не успеа да ја затресе мрежата на Милан. Во завршницата од регуларниот дел, Сусо ја погоди гредата од голот на Интер, но по 90 минути мрежите мируваа. Џенаро Гатузо го уфрли во игра Кутроне во 76.минута, а тој пред крајот на првото продолжение го постигна единствениот погодок на овој дуел.

Се вчитува...