Ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан може да го напушти „Олд трафорд“ оваа зима, но заинтересираните клубови кои сакаат да го видат во своите редови ќе треба да платат отштета вредна 35 милиони фунти. Тој беше доведен како големо засилување, но не ги оправда очекувањата на Жозе Мурињо. Португалецот одлучи да го стави на трансфер – листа, но секако дека нема да го продаде по секоја цена.
Италијанскиот калчолигаш Интер е најзаинтересиран за купување на Ерменецот, откако пропаднаа плановите на Борусија Дортмунд да го врати во своите редови, барем како позајмен играч до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА