По шестмесечна пауза Новак Ѓоковиќ одново се враќа на терен. Поранешниот светски рекет број еден, првиот меч по паузата ќе го одигра во петок на турнирот во Абу Даб.
„Секогаш е добро да се игра на овој турир во Абу Даби бидејќи тоа е прво официјално натпреварување пред новата сезона и им овозможува на играчите да проверат во каква форма се. За мене ова ќе биде прв турнир уште од Вимблдон, па му се радувам на настапот повеќе од сите други“ – вели Новак Ѓоковиќ.
Прв пат во кариерата српскиот тенисер имаше толку долга пауза по која го загуби местото во Топ 10 на светската ранг-листа и сега ќе се обиде одново да се врати на старите позиции.
„Зад мене е возбудлив период. Никогаш не сум имал повреди за да отсуствувам толку долго од теренот. Не сум пропуштил ниеден гран-слем во својата кариера, не сум бил опериран. Беше тешко, но од друга страна оваа пауза ми беше и голема лекција. Дојдов до точка кога универзумот ми покажа дека не можам повеќе да играм. Нема шанси. Не можев да ја мрднам раката“ – открива поранешниот прв светски рекет.
Настапот на турнирот во Абу Даби за Новак Ѓоковиќ ќе биде последна проверка пред стартот на новата сезона и воедно подготовка за Австралија Опен кој стартува на 15 јануари.
„Не можам да дочекам да се вратам и да почнам да игра,. Четири и пол месеци немав фатено рекет во рака, тоа е голема промена. Тоа беше тежок период, но не сакав да ризикувам и да ја влошам состојбата. Го искористив ова време за да најдам нови начини како да го опоравам своето тело, да најдам нов начин на игра, како и да се поготвам психички за моето враќање. Го искористив ова време на најдобар начин. Учам да бидам трпелив. Трпението е нешто што им недостасува на тенисери. Едноставно, нашата работа од 1 јануари до 20 ноември е напорен период. Немаш време да се смириш, да бидеш сталожен, константно бараме најдобри решенија, најдобри удари. Сега имав време повеќе да му се посветам на семејството и да се разберам себе си каде сум во животот“ – истакнува Новак Ѓоковиќ.
Некогаш првиот светски рекет, сега сезоната ќе ја почна како 12. играч во светот што му е најлош пласман во последните 11 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА