Лулиќ со евро-гол го одведе Лацио во полуфинале

Лацио обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија, откако римскиот клуб славеше на дуелот со Фиорентина со минимални 1-0.

Лулиќ беше херојот на „лацијалите“, постигнувајќи вистински еврогол на самиот почеток од натпреварот што на крајот се покажа клучен за чекор напред во атакот на трофејот во националниот куп.

Лацио за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од утрешното градско дерби меѓу Интер и Милан.

Се вчитува...