Сити ќе гостува во Њукасл без Кевин Де Бруин

Манчестер сити на утрешната средба против Њукасл ќе мора да бара победа без нивниот најдобар поединец, Кевин Де Бруин. Гвардиола потврди дека фудбалерот е болен веќе неколку дена, па смета дека му е неопхопден одмор.

„Де Бруин е болен веќе неколку дена. Два дена пред мечот со Бурнемаут  се мачеше со температура. Ослабе два, можеби и три килограми и одработи само еден тренинг, но, сепак сакаше да биде стартер и да ни помогне да освоиме бодови, барем да одигра шеесетина минути. На Кевин му е неопходен одмор за да оздрави што побрзо“, вели Гвардиола.

Отуството на белгискиот репрезентативец значи дека Илкај Гундоган ќе настапи од првата минута покрај Давид Силва во средниот ред. Средбата со Њукасл е закажана за утре, со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...