Голден стејт вориорс триумфираше во големата „божиќна пресметка“ со Кливленд кавалирс во репризата од ланското финале од НБА-лигата (). Иако без помошта на Стеф Кари, „воините“ успеаја да го совладаат големиот ривал во драматичен натпревар што беше решен буквално во последната минута.
Дуелот беше израмнет и со бројни пресврти, а Голден стејт успеа посериозно да се одлепи пред самиот крај, поведувајќи со 90-82. Кевин Лав погоди тројка во вистински момент и Кливленд се врати, за во последната минута домаќините сепак да успеат да ја задржат минималната предност. Леброн Џејмс овојпат ја имаше улогата на трагичар губејќи две топки во последните две минути, иако при претпоследниот напад на Кливленд имаше и очигледен прекршок од Дурант што судиите не го санкционираа.
This was a FOUL.pic.twitter.com/5Q8YSlOpEf
— Sportando (@Sportando) December 25, 2017
Кевин Дурант со 25 поени беше најефикасен кај Голден стејт, Томпсон постигна 22, додека кај Кливленд најдобар стрелец беше Кевин Лав со 31 поен, додека Леброн Џејмс потфрли постигнувајќи 20 поени, но и дури седум загубени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА