Играчите на Манчестер сити доминираат во составот на најдобри фудбалери во Премиер – лигата кои во досегашниот дел од сезоната импресионираат со своите настапи. Според Goal.com, дури осум фудбалери на „граѓаните“ се најдоа во идеалниот тим на полусезоната, по еден играч имаат Јунајтед и Ливерпул, а најпријатното изненадување пристигнува од Барнли.
На голот е Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), додека одбранбената линија е составена од Кајл Вокер (Манчестер сити), Николас Отаменди (Манчестер сити), Џејмс Тарковски (Барнли), Фабијан Делф (Манчестер сити).
Во средниот ред се предводниците на „оркестарот“ на Сити, Давид Силва, Фернандињо и Кевин Де Бруин. Нападот го сочинуваат Лирој Сане и Рахим Стерлинг, и моментално најдобриот стрелец во првенството покрај Кејн, летното засилување на Ливерпул, Мохамед Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА