Аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе ќе ја заврши својата одисеја во Пари Сен Жермен и ќе се врати во Италија. Големата конкуренција, но и одлуката на клубот да продава дел од фудбалерите за да го задоволи финансискиот фер-плеј, го активираа агентот на Пасторе на трансфер – пазарот, а најазгреан за неговите услуги е италијанскиот калчолигаш Интер. Тренерот Лучијано Спалети инсистира да го види Аргентинецот во својот тим, а Пасторе нема ништо против.
„Интер? Тоа е клуб кој ми се допаѓа. Мојот агент отпочна преговори, но се уште е рано за нешто поконкретно. Би сакал да се вратам во Италија, тоа е јасно“, изјави Хавиер Пасторе, и уште повеќе ги засили шпекулациите дека тој ќе се врати во Серија А оваа зима.
Пасторе во 2011 година од Палермо се пресели во редовите на Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА