Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини одлучил да си замине од Манчестер јунајтед по завршувањето на оваа сезона. Иако имаше преговори со раководството на клубот за продолжување на соработката, тој сепак одлучил дека за него ќе биде најдобро да ја промени средината.
Белгиецот не е член на стартниот состав на Жозе Мурињо веќе подолг период, и најверојатно тоа е причината за ваквата одлука. Тој дојде на „Олд трафорд“ од редовите на Евертон во 2013 година. Оваа сезона во Премиер – лигата одигра девет натпревари, на кои најчесто влегуваше како разерва, и постигна три гола.
Како негова можна дестинација се споменува Турција. За Фелаини е заинтересиран актуелниот турски првак Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА