Покетино ги одреди приоритетите: Рос Баркли и Лук Шо доаѓаат во Тотенхем

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ги одреди потенцијалните засилувања кои ќе се обиде да ги доведе во зимскиот преоден рок во своите редови. Менаџерот Маурицио Покетино има намера да го засили својот тим со двајца млади, но веќе докажани фудбалери кои биле и англиски репрезентативци. Тој ги посакува Рос Баркли (24) од Евертон и Лук Шо (22) од Манчестер јунајтед во составот на Тотенхем.

Англискиот репрезентативец Рос Баркли воопшто нема играно оваа сезона поради повреда, но не го продолжи договорот со Евертон. Покетино сака тоа да го искористи и да го купи оваа зима. За него е подготвен да плати 30 милиони фунти. Сепак, проблемот е што и Челси е заинтересиран за ангажман на Баркли.

Доаѓањето на Лук шо би можело да се реализира многу полесно. Тој доби порака од Жозе Мурињо дека може да го напушти Манчестер јунајтед, но неговиот агент е во преговори да добие одредена отштета за предвремено раскинување на договорот. Потоа може слободно да му пристапи на Тотенхем.

Се вчитува...