Пековиќ со 39 поени донесе триумф на Кожув на гостувањето против Шкупи

Кошаркарите на Кожув ја запишаа и третата победа сезонава славејќи во 11. коло на гостувањето против Шкупи со 67-69.

Во максимално израмнет натпревар во кој и двете екипи постојано се менуваа со предност Кожув до триумфот дојде благодарение на далеку поголемата концентрација во последните минути од средбата. При 61-61 на две минути пред крајот, гостите поведоа со 61-64 со тројката на играчот на мечот Миладин Пековиќ, а потоа Апостолов со едно погодено слободно фрлање донесе 61-65. До крајот домашните сето тоа успеаја да го заокружат само на минимален пораз од 67-69.

Извонредна партија кај гостите пружи Пековиќ со 39 поени, дополнети и со 5 скока, додека Воркапиќ мечот го заврши со 12 постигнати поени. Кај домашните се издвои Тејлор со 23 поени.

По оваа победа Кожув се проби на деветтата позиција на табелата со 3 победи и 8 порази, додека Шкупи остана на двете претходни победи.

Се вчитува...