По Гасол го забележа десеттиот „трипл-дабл“ во кариерата на натпреварот со Сакраменто кингс.
Легендарниот Шпанец, со своите 37 години е настариот кошаркар во историјата на НБА на кого му успеало да стигне до „трипл-дабл“ во најсилната лига на светот.
Гасол синоќа во победата на Сан Антонио против Сакрамено имаше 14 поени, 11 скока и 10 асистенции. Сезонава бележи просечно 10,6 поени, 8 скока и 3,2 асистенции.
За Гасол ова е 18-та сезона во НБА. Во својата кариера има во просек 17,7 поени, 9,4 скока и 3,2 асистенции. Во лигашкиот дел во НБА одиграл дури 1151 натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА