„Граѓаните“ подготвени да го урнат и легендарниот рекорд на Ливерпул

Манчестер сити е незадржлив оваа сезона во Премиер – лигата, веќе урна неколку рекорди и постави нови стандарди, а на прагот е да го урне и легендарниот рекорд на Ливерпул од далечната 1982 година. „Црвените“ во таа натпреварувачка година постигнаа фантастични 105 гола, а досега „граѓаните“ имаат 101 во 2017 година.

Тимот на Пеп Гвардиола има на располагање уште два натпревари за да го урне и овој рекорд. На 27 декември, Манчестер сити ќе му гостува на Њукасл, а на 31 декември ќе биде домаќин на Кристал Палас. Тимот е во рекордна серија од 17 последователни победи во Премиер – лигата и има 13 бода предност во однос на градскиот ривал Манчестер јунајтед на врвот на табелата.

Се вчитува...