Наполи бара нов голман: Руи Патрицио или Џо Харт, ќе одбере Сари

Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се соочи со заминувањето на искусниот голман Пепе Реина во летниот преоден рок, па затоа уште отсега ја почна потрагата по нов квалитетен чувар на мрежата. Во игра се повеќе опции, но италијанските медиуми најавуваат дека најблиску до дресот на „наполитанците“ во овој момент се Руи Патрицио, португалски репрезентативец и член на Спортинг Лисабон, и Џо Харт, голманот на Вест Хем, кој имаше италијанска авантура во Торино.

Тренерот Маурицио Сари ќе се обиде да пресече во наредниот период, а новото засилување треба да пристигне во летниот преоден рок. Сегашниот чувар на мрежата Пепе Реина треба да се пресели во редовите на Милан.

Се вчитува...