Гатузо: Оставка? Јас сум најмалиот проблем на Милан

Џенаро Гатузо требаше да биде спасител на Милан, но темпераментниот стратег не успеа да го разбуди заспаниот џин. Поразот на домашен терен од Аталант ауште повеќе ја продлабочи кризата кај „росонерите“, навивачите почнаа да бараат нова тренерска смена, а Гатузо е подготвен да си замине.

Оставка? Јас сум најмалиот проблем на Милан. Тоа е најмал проблем, ако играчите не сакаат да ме следат тогаш ќе си заминам“ – истакна поранешниот фудбалер кој многу послабо се снаоѓа во тренерската работа.

Тој остро ги нападна своите фудбалери поради преголемиот индивидуализам.

Ова не е тим, бидејќи вистинските тимови знаат како да реагираат кога ќе се најдат во проблеми. Не смееме да плачеме, мораме да останеме единствени, да создадеме колектив, тоа е она што го говорам од првиот ден“ – порачува Гатузо.

Се вчитува...