Бразилецот Нејмар летово се одлучи да ја напушти Барселона и својата кариера да ја продолжи во редовите на ПСЖ кој исплати неверојатни 222 милиони евра.
Нејмар така стана најскапиот фудбалер во историјата, и покрај тоа што многумина изненади со одлуката Барселона да ја замени со Париз. Но, иако во главниот град на Франција стигна пред само неколку месеци веднаш стартуваа шпекулациите за негово заминување, ни помалку ни повеќе туку во Реал Мадрид.
Голем број светски медиуми пишуваа дека Нејмар има наводен договор со Флорентино Перез да заигра за „кралскиот клуб“, а ПСЖ треба да биде само пропратна станица.
Сепак, сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се одлучи да стави крај на сите тие шпекулации конечно во јавност истакнувајќи дека нема никакви шанси Бразилецот да се пресели во Мадрид.
„Нејмар во Реал Мадрид? Тоа е невозможно. Едноставно невозможно“ – порача сопственикот на францускиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА