Домагој Вида го засилува Бешикташ

Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида е ново засилување за турскиот шампион Бешикташ. Тој е првото засилување за овој клуб во зимскиот преоден рок. Бешикташ се подготвува за осминафинален дуел со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Според информациите од турските медиуми, Вида ќе им се придружи на своите нови соиграчи од Бешикташ на 3 јануари на подготовките во Анталија.

Бешикташ на 20.февруари ќе гостува на „Алијанц арена“ против Баерн Минхен, а реваншот ќе го игра на 14.март во Истанбул.

Во турското првенство, Бешикташ во моментот се наоѓа на четвртата позиција со 30 бода, три помалку од лидерот Башакшехирспор.

Се вчитува...