Челси попушти, Куртоа ќе биде најплатен голман на светот

Англискиот првак Челси по секоја цена сака да го задржи Тибо Куртоа во своите редови, па раководството се согласи да ги задоволи неговите потреби со нов, двојно поголем договор. Куртоа ќе ја продолжи својата верност кон клубот до 2023 година со неделна плата од 200.000 фунти и ќе биде најплатениот чувар на мрежата во светот, заедно со голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа.

Сепак, обновената понуда од „сините“ не изнесува колку што бараше белгискиот репрезентативец. Наводно, тој сакал да заработува повеќе од голманот на „црвените ѓаволи“, барал 205.000 фунти неделно, но вака ќе се изедначи со Де Хеа.

Со потпишувањето на новата соработка ќе ги тргнат сите интереси од Реал Мадрид. „Кралевите“ активно бараат поквалитетен голман од нивниот прв избор Кејлор Навас, иако го обезбедија потписот на младиот Шпанец Кепа Аризабалага, веќе не можат да се надеваат на ангажман на екс-голманот на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...