Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, го одработи денешниот тренинг заедно со тимот, по што веќе нема никакви дилеми дека ќе биде во стартниот состав на Зинедин Зидан за претстојното „Ел Класико“. Мега-дуелот против Барселона ќе се одигра в сабота, со почеток во 13 часот, а Португалецот првпат тренираше со соиграчите, откако претходно беше поштеден поради силен удар во ногата што го доби во финалето на Светското клупско првенство.
Но, сега е се в ред со Роналдо и тој е максимално подготвен за предизвикот против најголемиот ривал. Се очекува да го заземе местото во навалната линија заедно со Карим Бензема, додека Герет Бејл ќе остане на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА